ПРВ.мк
Свет

Кина испрати АСТРОНАУТИ во вселената – Еве што ќе прават на својата станица „Тјангонг“

Кина испрати АСТРОНАУТИ во вселената – Еве што ќе прават на својата станица „Тјангонг“
Kristal

Кина денеска успешно го лансираше вселенското летало „Шенџоу-21“, кое ќе ги пренесе тројцата астронаути до кинеската вселенска станица „Тјангонг“. Лансирањето се одржа од Центарот за лансирање сателити Џијучен, во северозападниот дел на земјата.

Ова е седма мисија на вселенската станица „Тјангонг“, откако станицата беше отворена во 2022 година, а целта на леталото е да го продолжи изградбата и уредувањето на постојаната орбитирачка станица на Кина.

Со управувањето на „Тјангонг“ се занимава Кинеската агенција за летови со човечки екипаж, која го координира престојот на астронаутите и нивните задачи во вселената. Мисијата е дел од големите планови на Кина да ја прошири својата вселенска програма и да обезбеди долгорочно присуство на орбита.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape