ПРВ.мк
Македонија

Скандал во Кавадарци: Наставничка шпионирала колешка - ова се деталите

Скандал во Кавадарци: Наставничка шпионирала колешка - ова се деталите
Kristal

Шокантен случај го потресе едно основно училиште во Кавадарци, каде наставничка неовластено фотографирала приватни разговори на своја колешка од социјалните мрежи и потоа ги проследила на директорката на училиштето, која, пак, ги споделувала со други колеги.

Според информациите од СВР Велес, против двете жени — В.Т. (47) и М.Т. (52) — се поднесени кривични пријави поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“ согласно Кривичниот законик.

Случајот започнал на 4 септември 2025 година, кога В.Т., наставничка во едно училиште во Кавадарци, во училницата затекнала отворен приватен профил на социјална мрежа на својата колешка на службен лаптоп. Наместо да го затвори профилот, таа неовластено ги фотографирала нејзините приватни разговори и потоа ги предала на директорката М.Т.

Но, тоа не било сè — В.Т. успешно ја пронашла лозинката од профилот на оштетената, па на 5 и 7 септември повторно пристапила до нејзиниот профил, каде повторно фотографирала лични пораки и ги предала на директорката. М.Т., пак, ги праќала разговорите до други вработени во училиштето, создавајќи атмосфера на недоверба и јавен срам.

Кога на 19 септември 2025 година оштетената наставничка јавила на наставнички совет дека некој фотографирал нејзини приватни пораки и ги праќал на други лица, директорката отворено ѝ се заканила дека ако го пријави случајот, ќе ги испрати сите снимени пораки до колегите.

Полицијата потврди дека собрани се материјални докази, а Обвинителството веќе поведе постапка против двете жени, кои би можеле да се соочат со сериозни последици поради злоупотребата на службената положба и нарушувањето на приватноста на својата колешка.

Escape