Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно бил префрлен во Москва со руски воен авион во строго тајна операција поради сериозни повреди што ги здобил за време на воздушните напади од страна на САД и Израел на 28 февруари.
Според извори на британскиот „Сан“, Хамнеи бил подложен на операција на ногата, лично понудена од рускиот претседател Владимир Путин, и моментално се наоѓа во болница во еден од претседателските комплекси во Москва.
Изворите наведуваат дека неговите повреди барале напредна медицинска грижа, внимателно следење и засилени безбедносни мерки, што во моментот било невозможно да се обезбеди во Иран. Рускиот предлог за лекување бил одобрен од иранските власти, а Хамнеи бил придружуван од тим руски и ирански лекари.
Од друга страна, израелските разузнавачки служби сметаат дека повредата може да биде посериозна од првично оценетата и не потврдуваат дека Хамнеи го напуштил Иран.



















