ПРВ.мк
Свет

ПОПЛАВИ ГО ПОГОДИЈА БАНКОК: Прогласена природна катастрофа - еве колку луѓе се водат како исчезнати!

ПОПЛАВИ ГО ПОГОДИЈА БАНКОК: Прогласена природна катастрофа - еве колку луѓе се водат како исчезнати!

Поројните дождови предизвикаа сериозни поплави во Бангкок, поради што делови од тајландската престолнина се најдоа под вода, а голем број жители беа принудени да ги напуштат своите домови.

Поради влошената состојба, властите го прогласија Бангкок за подрачје погодено од природна катастрофа, со цел да се овозможи побрза и поефикасна реакција на институциите во справувањето со последиците.

Тајландската метеоролошка служба предупреди дека дождовите, кои без прекин паѓаат од четврток, ќе продолжат да го погодуваат најголемиот дел од земјата и во текот на утрешниот ден.

Во Бангкок од четврток наврнале повеќе од 30 сантиметри дожд. Водата се проширила на голем број улици, при што биле блокирани сообраќајници и во значителна мера бил запрен сообраќајот. Голем дел од продавниците денес останале затворени поради поплавите и отежнатото движење низ градот.

За жителите од најпогодените подрачја биле отворени повеќе од 200 прифатни центри, каде што можат да се засолнат лицата погодени од поплавите.

Владата соопштила дека преку системот за итни известувања испраќа предупредувања директно на мобилните телефони на граѓаните, со цел навремено да бидат информирани за опасноста и можните мерки за заштита.

И покрај тешките временски услови, воздушниот сообраќај во моментов се одвива нормално. Сепак, властите предупредуваат дека поради временските услови може да дојде до доцнење на одредени летови.

Најнови вести