ПРВ.мк
Свет

ФРАНЦИЈА СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА: Хакери ги загревале фрижидерите до 50 степени, Иран се соочува со можни санкции

ФРАНЦИЈА СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА: Хакери ги загревале фрижидерите до 50 степени, Иран се соочува со можни санкции

Франција ја обвини Иранската револуционерна гарда дека стои зад големите кибернетички напади врз системите за ладење во стотици европски супермаркети, кои предизвикаа уништување огромни количества храна и милионски финансиски загуби.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека станува збор за напад од невидени размери, најавувајќи дека Париз ќе побара санкции против одговорните на ниво на Европската Унија.

Поради случајот, француските власти го повикаа и иранскиот амбасадор, кому му упатија официјален протест.

Според истражителите, зад нападите од 11 и 12 октомври стои хакерската група „Шахид Кавех“, која француските власти ја поврзуваат со Иранската револуционерна гарда.

Напаѓачите успеале далечински да преземат контрола врз софтверот за управување со ладилниците и замрзнувачите во повеќе од 700 француски супермаркети.

Во одредени објекти температурите наводно достигнале дури 50 степени Целзиусови, поради што биле уништени големи количества месо, зеленчук и други прехранбени производи. Пријавени биле и пожари.

На почетокот на ноември следувал нов бран слични напади во повеќе европски држави, меѓу кои Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија и Естонија.

Сепак, засега не е утврдено дали сите овие инциденти се поврзани со истата група.

Иран ги отфрли француските обвинувања како неосновани, додека истрагата за утврдување на одговорноста продолжува.

Најнови вести