ПРВ.мк
Свет

Падна руски шпион во американската војска: Уапсен висок офицер во Британија, ФБИ и полицијата извршија упади на повеќе локации – продавал тајни на Москва?!

Падна руски шпион во американската војска: Уапсен висок офицер во Британија, ФБИ и полицијата извршија упади на повеќе локации – продавал тајни на Москва?!

Голем шпионски скандал ја потресе американската војска, откако 41-годишен нејзин припадник беше уапсен во Велика Британија поради сомневања за шпионажа поврзана со Русија.

Апсењето било извршено на 10 ноември во близина на британскиот град Глостер, во заедничка акција на британските антитерористички служби, американската војска и Федералното истражно биро (ФБИ).

Според британската полиција, осомничениот е приведен поради сомневања за незаконско добивање или откривање заштитени информации, како и за помагање на странска разузнавачка служба.

Британските власти потврдија дека случајот е поврзан со Русија, но засега не откриваат какви информации можеле да бидат предмет на наводната шпионажа.

Во рамките на истрагата, полициски екипи извршуваат претреси на две локации во областа Глостершир.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, го оцени апсењето како особено значајно, нагласувајќи дека сомневањата за шпионажа претставуваат сериозна закана за националната безбедност на САД и нивните сојузници.

Бригадниот генерал Шон Стинчон, командант на американската воена контраразузнавачка служба, предупреди дека случајот покажува колку опасни можат да бидат внатрешните безбедносни закани, особено кога станува збор за лица со пристап до чувствителни информации.

Уапсениот останува во полициски притвор во Лондон, додека истрагата продолжува.

Надлежните институции засега не го откриваат неговиот идентитет, а не е потврдено ниту дека навистина предал доверливи информации на Русија.

Најнови вести