Необична и тензична сцена се одиграла на последниот тренинг на Лацио, кога тренерот Џенаро Гатузо ненадејно го прекинал тренингот и му наредил на играчот од средниот ред Кенет Тејлор веднаш да го напушти теренот.
Според информациите на „Радио Лацијале“, непосредно пред инцидентот дошло до жестока вербална расправија меѓу Гатузо и холандскиот фудбалер. Засега не е познато што точно ја предизвикало кавгата, но реакцијата на темпераментниот италијански стратег привлече големо внимание.
Тренингот бил накратко прекинат додека ситуацијата се смирувала, а останатите играчи биле сведоци на непријатната сцена.
Кенет Тејлор пристигна во Лацио во јануари годинава од Ајакс, во трансфер вреден околу 17 милиони евра. Оттогаш одигра 21 натпревар во дресот на римскиот клуб, постигнувајќи три гола и запишувајќи две асистенции.
Во клубот засега нема официјално објаснување за причините поради кои Гатузо реши да го отстрани фудбалерот од тренингот, па останува да се види дали инцидентот ќе има последици врз статусот на Тејлор во тимот.








