ПРВ.мк
Спорт

Сите во Сити очекуваат заминување на Пеп: наследникот веќе е познат

Сите во Сити очекуваат заминување на Пеп: наследникот веќе е познат

По цели десет години на клупата на Манчестер Сити, се очекува Пеп Гвардиола да го напушти клубот на крајот од сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Иако официјална потврда сè уште нема, во Англија сè погласни се информациите дека раководството веќе размислува за наследник, а главен кандидат е Енцо Мареска.

Според медиумите, во клубот владее уверување дека заминувањето на Гвардиола е блиску, а веќе се водат разговори една трибина на „Етихад“ да го носи неговото име.

Мареска добро го познава системот на Сити. Тој претходно беше дел од стручниот штаб на Гвардиола и работеше со младинските категории на клубот. Во својата тренерска кариера ги водеше Челзи, Лестер и Парма.

Пеп Гвардиола ќе остане запаметен како најуспешниот тренер во историјата на Манчестер Сити. Со клубот освои 19 трофеи и забележа 420 победи на 687 натпревари.

Се очекува конечната одлука за неговата иднина да биде донесена во следните недели.