ПРВ.мк
Свет

Трамп ќе го разгледа иранскиот план, но веќе испрати студена порака до Техеран

Трамп ќе го разгледа иранскиот план, но веќе испрати студена порака до Техеран

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го разгледа новиот план што Иран го доставил до САД со цел да се стави крај на војната.

Трамп на Truth Social напиша дека наскоро ќе го разгледа предлогот, но додаде дека тешко може да замисли тој да биде прифатлив, бидејќи, според него, Иран сè уште не платил доволно висока цена за своите постапки.

Иако меѓу страните е во сила неограничен прекин на огнот, преговорите за траен договор остануваат во застој. Главните спорни точки се иранската нуклеарна програма и контролата врз Ормуската Теснина.

Иранската агенција ИРНА објави дека Техеран го доставил новиот предлог преку посредници во Пакистан. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, според државните медиуми, ги информирал и регионалните колеги за новите иницијативи.

Детали за планот засега не се откриени, а останува неизвесно дали Вашингтон и Техеран ќе успеат да го претворат примирјето во траен мировен договор.