ПРВ.мк
Балкан

Вотка, плукање и тепачка во авион - авион принудно слета во Приштина по тепачка меѓу патници

Вотка, плукање и тепачка во авион - авион принудно слета во Приштина по тепачка меѓу патници

Авион на „Изиџет“ кој летал од Лондон кон Анталија бил принудно пренасочен и слетал во Приштина поради тепачка меѓу патници.

Инцидентот, според британските медиуми, започнал кога патничка, за која се верува дека е Британка, пиела вотка директно од шише и потоа му плукнала во лице на друг патник.

Ситуацијата брзо ескалирала, а жената се обидела физички да се пресмета со патникот преку пролазот меѓу седиштата. Во смирување на хаосот интервенирале членови на екипажот и други патници.

Авионот, кој полетал од Гетвик, бил пренасочен кон Меѓународниот аеродром во Приштина, каде што влегла полиција и ги извела двајцата патници.

Летот подоцна продолжил кон Анталија, но со околу три часа задоцнување. Од „Изиџет“ соопштија дека имаат нулта толеранција за непримерно однесување и дека безбедноста на патниците и екипажот е најважна.