ПРВ.мк
Свет

Русија пријави масовен напад со дронови, Украина тврди дека погодила клучни танкери

Русија пријави масовен напад со дронови, Украина тврди дека погодила клучни танкери

Украинските сили погодиле два танкери од таканаречената руска „флота во сенка“ во близина на влезот во црноморското пристаниште Новоросијск, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според него, танкерите биле користени за транспорт на нафта, но по нападот повеќе не можат да ја извршуваат таа функција. Зеленски најави дека Украина ќе продолжи да ги развива капацитетите за удари со долг дострел – на море, во воздух и на копно.

Паралелно, руските власти пријавија и напад со украински дронови врз пристаништето Приморск на брегот на Балтичкото Море. Гувернерот на Ленинградскиот регион, Александар Дрозденко, соопшти дека над 60 дронови биле соборени во текот на ноќта.

По нападот во Приморск избувнал пожар, но според руските власти, немало истекување на нафта и огнот бил изгаснат.

Нападите покажуваат дека Украина сè повеќе ја насочува стратегијата кон руската нафтена логистика и извозните капацитети.