Рускиот претставник за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, предупреди дека светот може да се соочи со најголемата енергетска криза во историјата.
Тој на социјалната мрежа X напиша дека глобалните пазари се движат кон сериозен енергетски шок, предизвикан од високите цени на нафтата, геополитичките тензии и нестабилноста околу клучните рути за снабдување.
Според Дмитриев, Европската Унија и Обединетото Кралство не реагираат соодветно на ризиците, а европските политики, според него, не ја земаат доволно сериозно реалната енергетска опасност.
Посебно внимание се посветува на Ормускиот теснец, кој останува една од најчувствителните точки за глобалната трговија со нафта и гас.
Во меѓувреме, и Меѓународната агенција за енергија предупредува на можен недостиг на дизел и авионско гориво во Европа. Претставници од воздухопловната индустрија веќе укажуваат дека, доколку кризата се продлабочи, можно е и откажување на летови.
Ситуацијата дополнително ја зголемува загриженоста дека високите цени на енергенсите може да се прелеат врз транспортот, индустријата и секојдневните трошоци на граѓаните.






