ПРВ.мк
Спорт

Кралскиот клуб без контакт со Мурињо: Португалецот стави крај на шпекулациите

Кралскиот клуб без контакт со Мурињо: Португалецот стави крај на шпекулациите

Жозе Мурињо ги демантираше шпекулациите дека е во преговори со Реал Мадрид за можно враќање на клупата на „кралскиот клуб“.

Тренерот на Бенфика, кој со денови се поврзуваше со поранешниот клуб, изјави дека никој од Реал Мадрид не го контактирал и дека нема никакви разговори околу негов ангажман.

Мурињо за португалската „А Бола“ порача дека по толку години во фудбалот е навикнат на вакви гласини, но нагласи дека во овој случај нема ништо конкретно.

Португалскиот стратег има договор со Бенфика до крајот на следната сезона, иако во медиумите се шпекулираше дека Реал би можел да активира откупна клаузула.

Со оваа изјава, Мурињо практично стави крај на шпекулациите и останува фокусиран на обврските со Бенфика.