ПРВ.мк
Спорт

Меси и Интер Мајами останаа без зборови: Орландо со сензационален пресврт

Меси и Интер Мајами останаа без зборови: Орландо со сензационален пресврт

Орландо Сити приреди вистинска сензација во дербито на Флорида, откако на гостински терен го совлада Интер Мајами со 4:3, иако домаќините водеа со убедливи 3:0.

Интер одлично го започна натпреварот и брзо создаде голема предност. Јан Фрај погоди во 4. минута, Теласак Сеговија зголеми во 25., а Лионел Меси во 34. минута донесе 3:0.

Но, Орландо не се предаде. Мартин Охеда го намали резултатот во 39. минута, а потоа со два гола во второто полувреме, во 68. и 78. минута, целосно го врати својот тим во игра.

Кулминацијата дојде во судиското продолжение, кога Тајрис Спенсер постигна гол за неверојатна победа од 4:3.

Со овој резултат, Интер Мајами останува на третото место во Источната конференција со 19 бода, додека Орландо Сити е на 13. позиција со 10 бода.