ПРВ.мк
Спорт

Репрезентацијата го одработи првиот дел од подготовките: Следува клучната фаза пред Европското првенство

Репрезентацијата го одработи првиот дел од подготовките: Следува клучната фаза пред Европското првенство

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја заврши првата фаза од подготовките за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржува во Бугарија.

Репрезентативците главниот дел од досегашните подготовки го одработија во Крушево, каде работеа на физичката подготвеност и поставување на основата за предизвиците што ги очекуваат на европската сцена.

По завршувањето на оваа фаза, одбојкарите добија краток одмор и ќе бидат слободни до понеделник попладне.

Потоа репрезентацијата повторно ќе се собере во Скопје, каде со вечерен тренинг во СЦ „Јане Сандански“ ќе продолжат подготовките.

Во следниот период акцентот ќе биде ставен на финалното темпирање на формата, со цел македонските одбојкари максимално подготвени да го дочекаат почетокот на Европското првенство.