ПРВ.мк
Спорт

РЕАЛИЗИРАН УШТЕ ЕДЕН ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ - ДЕБАР ДОБИ НОВ СОВРЕМЕН ПРОСТОР ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

РЕАЛИЗИРАН УШТЕ ЕДЕН ИНФРАСТРУКТУРЕН ПРОЕКТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ - ДЕБАР ДОБИ НОВ СОВРЕМЕН ПРОСТОР ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар во Дебар.

Со оваа инвестиција на Министерството за спорт, реализирана во соработка со Општина Дебар, граѓаните на овој град добија современ, функционален и безбеден простор за спорт и рекреација.

Во рамки на спортскиот центар изградено е ново фудбалско игралиште, како и терени за кошарка и одбојка со полипропиленски под, кои овозможуваат користење во текот на целата година.

Министерот Ристовски истакна дека вложувањето во спортската инфраструктура во сите региони на државата е еден од приоритетите на Министерството за спорт, со цел обезбедување еднакви можности за сите млади да спортуваат во современи услови.

„Со ваквите проекти покажуваме дека спортот не е привилегија само на големите градови. Нашата заложба е секое дете, секој млад спортист и секој граѓанин да има пристап до уредени спортски простори во својата општина,“ изјави министерот Ристовски.

Реконструкцијата на спортскиот центар во Дебар е дел од програмата на Министерството за спорт за унапредување на локалната спортска инфраструктура, преку која досега се реализирани повеќе од 40 проекти низ државата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОТО ВИДЕО ТУКА

Escape