При претрес во Прилеп, полицијата пронашла муниција и пиротехнички средства, а едно лице било лишено од слобода.
Вчера (29.10.2025) полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода П.В. (40) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основниот суд Прилеп, извршен бил претрес во неговиот дом и помошни простории.
При претресот биле одземени: 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, 12 испукани чаури, 64 различни монети и други предмети.
По документирање на настанот, против П.В. ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.















