Три бронзени бисти биле украдени од градските гробишта во Бутел во текот на изминатите месеци.
Вчера во 12:00 часот, Д.В. (79) од Скопје пријавил во СВР Скопје дека во периодот од мај до 26.10.2025 од неговото гробно место биле одземени две бронзени бисти. Исто така, Б.В. (41) од Скопје пријавил дека од неговото гробно место во периодот од април до 23.10.2025 била украдена една бронзена биста.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.















