ПРВ.мк
Спорт

ПОРАНЕШЕН СВЕТСКИ БРОЈ 1 УДРИ ПО ЃОКОВИЌ: „Тоа е глупост, ќе бидам разочаран од тенисот“

ПОРАНЕШЕН СВЕТСКИ БРОЈ 1 УДРИ ПО ЃОКОВИЌ: „Тоа е глупост, ќе бидам разочаран од тенисот“

Поранешниот светски рекет број еден Евгениј Кафељников остро го критикуваше предлогот на Новак Ѓоковиќ за промена на форматот на тениските натпревари.

Ѓоковиќ смета дека тенисот би можел да стане подинамичен и попривлечен за гледачите доколку мечевите се скратат, особено поради тоа што дел од нив во сегашниот формат траат со часови.

Една од идеите е сетовите да се играат до четири наместо до шест освоени гема, како и да се воведе одлучувачки поен при 40:40, односно да нема класична предност.

Според предложениот концепт, натпреварите би се играле во три сета, но целта би била нивното времетраење да биде пократко од два часа.

На Кафељников, сепак, ваквата идеја воопшто не му се допаѓа.

„Ова е глупост! Тоа е глупост што не можете ни да ја замислите. Ако се случи ова, ќе бидам целосно разочаран од тенисот“, порача поранешниот светски број еден.

Предлогот на Ѓоковиќ отвора дебата за тоа дали тенисот треба да се приспособи на современата публика со пократки натпревари или да го задржи традиционалниот формат.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ се враќа на теренот, каде негов противник во второто коло во Синсинати е Тиранте.