ПРВ.мк
Спорт

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕТА НА ТЕРЕНОТ: Фудбалер уапсен среде натпревар!

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕТА НА ТЕРЕНОТ: Фудбалер уапсен среде натпревар!

Несекојдневен прекин на фудбалски натпревар се случил во една од пониските хрватски лиги, откако полицијата среде меч го привела 37-годишниот српски фудбалер Б. Ј.

Фудбалерот во моментот се наоѓал на клупата за резервни играчи, кога полицајци пристигнале на стадионот и пред присутните го одвеле во полициска станица.

Причината за приведувањето била фотографија што Б. Ј. претходно ја објавил на својот профил на Фејсбук.

Станувало збор за фотографија од Ратко Младиќ, генерал на Војската на Република Српска. Според информациите објавени во хрватските медиуми, фотографијата била поставена на профилот околу 24 часа, без дополнителен коментар.

Б. Ј. настапувал за тимот „Јован Лазиќ“ од Болман.

По приведувањето, случајот бил процесуиран по брза постапка. Општинскиот суд во Осиек го прогласил фудбалерот за виновен за нарушување на јавниот ред и мир и му изрекол парична казна во висина од 1.500 евра.

Откако го уплатил износот во предвидениот рок, Б. Ј. бил пуштен на слобода.

Но, покрај паричната казна, судот му изрекол и дополнителна мерка – забрана за влез во Хрватска, како и во останатите земји од Европската Унија, во период од три месеци.

Оваа мерка може значително да влијае врз неговиот фудбалски ангажман, со оглед на тоа што во изминатите осум години настапувал за повеќе клубови од пониските хрватски лиги.

Случајот привлече внимание во хрватската јавност особено поради начинот на кој се случило приведувањето. Фудбалерот бил одведен од полицијата директно од клупата за резервни играчи, додека натпреварот сè уште траел.