ПРВ.мк
Спорт

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ: Кајакарите на Арка-Борец го освоија Балканот - си дојдоа со медали и одлични резултати!

(ФОТО) НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ: Кајакарите на Арка-Борец го освоија Балканот - си дојдоа со медали и одлични резултати!

Кајакарите од Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“ од Велес остварија извонредни резултати на нивниот прв настап на Балканското првенство што се одржува во Завидовиќи, Босна и Херцеговина. На ова натпреварување, кое собира помеѓу 80 и 100 натпреварувачи од 15 клубови од регионот, велешките спортисти освоија неколку медали и високи пласмаси.

Во дисциплината С2 сениори, победничкиот трофеј и првото место ги освоија Александар Златаров и Љубомир Спасиќ. Златаров блесна и во поединечна конкуренција, каде што ја освои титулата балкански шампион во С1 сениори, додека во истата категорија третото место го зазеде Енис Небиовски.

Успесите на клубот беа заокружени со одличните настапи во младинските и мастерс категориите. Софија Спасиќ се искачи на третата позиција во категоријата К1 жени У14, а во конкуренцијата Мастерс 35+, првото место го освои Љубомир Спасиќ. Свој солиден настап имаше и младиот Благој Гугинов, кој во јуниорска конкуренција заврши на четвртото место.

Најнови вести