ПРВ.мк
Спорт

Нешто големо се менува во Реал: По дебаклот со ПСЖ, тројца ѕвезди избришани од плановите на клубот

Нешто големо се менува во Реал: По дебаклот со ПСЖ, тројца ѕвезди избришани од плановите на клубот
Escape

По поразот од 0:4 од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство, во Реал Мадрид започнува вистински земјотрес. Според информациите на шпанскиот портал Fichajes, клубот веќе донел одлука да се раздели со тројца фудбалери, кои немаат иднина под водство на новиот тренер Чаби Алонсо.

Лука Модриќ веќе го одигра последниот натпревар за „кралевите“ и се очекува да ја продолжи кариерата во Милан, но со него ќе заминат и:

  • Родриго
  • Дани Себаљос
  • Брахим Дијаз

Сите тројца, како што се наведува, не влегуваат во стратегијата на Алонсо и ќе бидат ставени на трансфер-листа уште во текот на овој преоден рок. Целта на клубот е финансиска корист и ослободување на простор за нови засилувања.

🔹 Родриго, кој некогаш важеше за голема напаѓачка надеж, одигра само 93 минути на целото натпреварување, настапувајќи во 3 од 6 натпревари.

🔹 Брахим Дијаз, иако познат по својата енергија и креативност, не доби шанса да се наметне и е речиси целосно тргнат настрана.

🔹 Себаљос, пак, доби само 70 минути на четири меча, што дополнително ја потврдува загубата на доверба во него.

Од Бернабеу веќе протекуваат информации дека почнале внатрешните реформи, а неофицијално се зборува и за нови имиња кои се подготвуваат да пристигнат. Новата ера на Чаби Алонсо бара нова енергија и нови луѓе – и тоа значи збогување со некои познати лица.

Mia Home Mavrovo