Француските обвинители започнаа кривична истрага против социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Фејсбук), во сопственост на Илон Маск, поради наводи за манипулација со алгоритмите со цел „странско мешање“.
Судијата Лор Бекуо потврди дека истрагата е отворена во средата и дека обвинителите испитуваат дали компанијата ги прекршила француските закони преку промена на алгоритмите и лажно извлекување податоци од корисниците, објави Политико.
Оваа кривична истрага е резултат на претходна истрага од јануари, која започна по жалби од еден пратеник и еден висок државен службеник.
Во тужбата, „Икс“ е обвинет дека овозможува ширење на говор на омраза, вклучувајќи расистички, анти-ЛГБТ+ и хомофобични содржини, кои имаат за цел да го нарушат демократскиот дискурс во Франција.
Ова е уште еден сериозен удар за Илон Маск и неговата платформа во момент кога компанијата се бори со голем број правни и регулаторни предизвици во Европа.