ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) Ѓоковиќ по елиминацијата од Вимблдон кажа неколку искрени зборови!

(ВИДЕО) Ѓоковиќ по елиминацијата од Вимблдон кажа неколку искрени зборови!
Escape

Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за својата физичка состојба по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон со 6:3, 6:3, 6:4. Видливо разочаран, но со доза на достоинство, српскиот тенисер призна дека возраста и повредите сè повеќе го стигаат.

„Не се чувствував добро. Имав доста проблеми со движењето. Не сакам да се жалам, само сакам да му честитам на Синер. Беше подобар денес“, изјави Ѓоковиќ, додавајќи дека не станува збор за несреќа: „Тоа е едноставно телото. Истрошено е... тоа е реалноста.“

Тој истакна дека го чувствува товарот на годините и покрај напорната грижа за телото. „Во последнава година и пол го чувствувам тоа како никогаш досега. Играм со половина резервоар – а против млади, подготвени ривали како Синер и Алкараз, тоа е недоволно.“

Иако не е во својата најдобра физичка форма, Ѓоковиќ не размислува за крај на кариерата. Напротив, вели дека планира повторно да се врати на Вимблдон: „Не сакам ова да биде мој последен настап тука. Ќе се вратам барем уште еднаш.“

Тој не размислувал да се повлече од натпреварот, и покрај болката во ногата, која се влошила уште во првиот сет. „Во почетокот беше добро, но потоа… едноставно не можев да се движам како што сакав“, рече тој.

Новиот фокус сега му е УС Опен, и покрај се, Ѓоковиќ не губи надеж: „Верувам дека ќе се вратам на оптимално ниво и ќе бидам подготвен за следниот предизвик.“

Mia Home Mavrovo