ПРВ.мк
Спорт

Лука Модриќ го напушти Реал и потпиша со Милан – Фабрицио Романо ја потврди веста!

Лука Модриќ го напушти Реал и потпиша со Милан – Фабрицио Романо ја потврди веста!
Escape

По децениска ера во дресот на Реал Мадрид, една од најголемите фудбалски легенди на денешницата, Лука Модриќ, започнува нова фаза во својата кариера. Според ексклузивните информации објавени од најпознатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, сè е завршено: Модриќ потпиша договор со Милан!

Според Романо, трансферот е целосно официјализиран, а договорот што Хрватот го потпишал со италијанскиот гигант е на една година. Тоа значи дека од следната сезона, Модриќ ќе настапува во Серија А, носејќи го црвено-црниот дрес на Милан – клуб со богата историја и амбиции за враќање на старата слава.

Оваа одлука доаѓа веднаш по елиминацијата на Реал Мадрид од Пари Сен Жермен (ПСЖ) во полуфиналето на Светското клупско првенство, што дефинитивно означи крај на едно значајно фудбалско поглавје за Модриќ во „кралскиот клуб“.

Очекувањата се Модриќ да им се приклучи на новите соиграчи на почетокот на следниот месец, подготвен да внесе искуство, визија и класа во срцето на средниот ред на Милан.

Mia Home Mavrovo