ПРВ.мк
Македонија

Скопјанец присилувал малолетна ќерка да питачи!

Скопјанец присилувал малолетна ќерка да питачи!
Escape

Скопјанец присилувал малолетна ќерка да питачи во Дебар – приведен по интервенција на полицијата

Вчера вечер во 20:40 часот, полициските службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода С.Р. (30) од скопската населба Шуто Оризари. Тој е осомничен дека ја присилил својата малолетна ќерка да питачи на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар.

Детето било затекнато од полицијата додека вршело питачење, а против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за „Запуштање и малтретирање дете“. За случајот биле известени јавниот обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар, а по комплетирање на истрагата следуваат понатамошни дејствија.

Mia Home Mavrovo