Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени две лица по денешниот физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој се случи во скопската населба Чаир.
Двете лица се задржани во полициска станица каде што се врши службен разговор со нив.
Арсовска беше нападната додека вршела увид на дивоградба заедно со вработени од Град Скопје. Таа изјави дека била удирана со клоци и дека добила сериозни закани по животот – вклучително и закана за силување и убиство на нејзиното семејство.