Порталот Плусинфо објави видео-снимка од безбедносна камера за која тврди дека го прикажува утринскиот инцидент во скопски Чаир, кога градоначалничката Данела Арсовска вршела увид на локација со дивоградба.
Според тврдењата на порталот, на видеото се гледа моментот кога Арсовска прва го удира со нога едно лице, по што доаѓа до физичка пресметка.
Подоцна, градоначалничката заминала во болница и изјавила дека била клоцната и нападната. Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста, а истрагата е во тек.