ПРВ.мк
Магазин

Карлеуша го нападна Ѓоковиќ: Го спореди со една особа и предизвика бес на мрежите!

Карлеуша го нападна Ѓоковиќ: Го спореди со една особа и предизвика бес на мрежите!
Escape

Јелена Карлеуша повторно ја крена прашината на социјалните мрежи со нова објава на „Икс“, каде овојпат директно го нападна Новак Ѓоковиќ, споредувајќи го со хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон – познат по својата радикална и националистичка реторика.

Оваа неочекувана споредба доаѓа откако Ѓоковиќ даде поддршка на студентските протести и оддаде почит на загинатите млади во трагедијата во Нови Сад со симболичен гест на Егзит фестивалот.

Но Карлеуша, која е гласна поддржувачка на власта, тоа го нарече „мешање политика со музика и спорт“, додавајќи:

„Да се биде Томпсон на фашистички концерт или Ѓоковиќ кој ‘пумпа’ на терен со сопствените деца е пораз за забавата која треба да обединува, а не да дели.“

Социјалните мрежи експлодираа по нејзината споредба, обвинувајќи ја за провокација и навреда на еден од најуспешните српски спортисти. Особено се критикува тоа што го споредила Ѓоковиќ – кој често повикува на мир, љубов и слога – со Томпсон, симбол на националистичката сцена во Хрватска.

Ова не е прв пат Карлеуша да провоцира со свои политички коментари, но овојпат критиките не доаѓаат само од обожавателите на Ѓоковиќ, туку и од неутрални граѓани кои сметаат дека таа „премина граница“.

Се чини дека Карлеуша не планира да молчи – но дали овојпат отиде предалеку?

Mia Home Mavrovo