ПРВ.мк
Спорт

Наполи тргна по Елмас: Италијанскиот шампион испрати понуда за враќање на македонскиот дијамант

Наполи тргна по Елмас: Италијанскиот шампион испрати понуда за враќање на македонскиот дијамант

Веќе подолго време кружат шпекулации околу иднината на нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, откако стана јасно дека Лајпциг има поинакви планови за составот на тимот.

Елмас, кој одигра клучна улога во историското освојување на Скудетото со Наполи, повторно е на радарот на италијанскиот шампион. Според информациите на Фабрицио Романо, клубот од Неапол веќе испратил официјална понуда до Лајпциг: позајмица со покриени трошоци за платата на Елмас и можност за целосен трансфер за 11,5 милиони евра.

Иако премина во Бундеслигата со големи очекувања, Елмас не доби значајна улога во Лајпциг. Новиот тренер Оле Вернер јасно стави до знаење дека не планира да смета на македонскиот плејмејкер, што дополнително го забрза процесот за негово заминување.

Наполи, кој ова лето веќе донесе големи засилувања, гледа шанса повторно да го врати својот поранешен ас. Доколку трансферот се реализира, постои можност Елмас да заигра заедно со светски ѕвезди како Кевин де Брујне, овој пат во истиот тим и под боите на светлосиниот дрес на „Сан Паоло“.

Дали македонскиот дијамант ќе се врати таму каде што остави силен печат – останува да се види во наредниот период.

Escape