ПРВ.мк
Спорт

Мбапе донесе триумф – Реал со минимална победа ја стартува сезоната

Мбапе донесе триумф – Реал со минимална победа ја стартува сезоната

Реал Мадрид ја отвори новата сезона во Ла Лига со победа од 1:0 против Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“. Единствениот гол го постигна Килијан Мбапе во 51-та минута од пенал, што беше доволно за првите три бода за тимот на Чаби Алонсо.

„Кралевите“ доминираа во текот на целиот меч, создавајќи повеќе шанси преку Карерас, Милитао и повторно Мбапе, но не успеаја да погодат од игра.

За Алонсо ова беше дебитантски натпревар како тренер на Реал Мадрид, а победата, иако минимална, му донесе успешен старт на клупата.

Погледнете ги највозбудливите моменти од натпреварот:

Escape