ПРВ.мк
Спорт

Реал Мадрид на Чаби Алонсо вечерва ја отвора новата ера против Осасуна

Реал Мадрид на Чаби Алонсо вечерва ја отвора новата ера против Осасуна

Реал Мадрид вечерва од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ја започнува сезоната 2025/26 во Ла Лига со дуел против Осасуна. Сите очекувања се вперени кон “новиот“ тим на Чаби Алонсо, кој треба да ја врати славата на „кралевите“ по големите промени во составот.

По заминувањето на Лука Модриќ и крајот на ерата на Карло Анчелоти, Мадрид влегува во целосно нова приказна. Алонсо ја презеде клупата со цел да го врати тимот на врвот – или преку титула во Ла Лига, или преку успех во Лигата на шампионите.

Барселона останува главен фаворит за трофејот, но “кралевите“ не смеат да се потценат – младата екипа е гладна за успеси и мотивирана да докаже дека повторно може да владее со шпанскиот фудбал.

Сѐ помалку има простор за трпение – од Алонсо веднаш се бараат резултати. Сѐ освен титула ќе се смета за голем неуспех за клубот кој важи за најголем во светот.

Escape