Американската влада започнува нова, крајно необична, но стратешка мерка за зајакнување на безбедноста на јужната граница со Мексико – целата гранична ограда ќе биде бојадисана во црна боја. Причината? Да се зголеми апсорпцијата на топлина и да се отежни качувањето врз неа.
Оваа одлука ја соопшти секретарката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, нагласувајќи дека ова не е обична естетска промена, туку дел од поширока стратегија за спречување на нелегалното преминување на границата. Според неа, металната ограда, која и без тоа е тешка за прескокнување поради својата структура од густи челични столбови, ќе стане уште понепроодна бидејќи на високите температури црната боја ќе ја направи екстремно жешка на допир.
Ноем објаснува дека и подземните обиди за пробивање на границата се речиси невозможни, затоа што оградата е дизајнирана да се протега длабоко под земја, што значи дека копањето тунели бара огромен напор и ресурси.
Она што ја прави оваа иницијатива уште поинтересна е фактот што доаѓа по лично барање од поранешниот претседател Доналд Трамп, кој уште од кампањата во 2016 година го вети изградбата на целосна ограда – трaнспарентен, но непреминлив ѕид долг 3.200 километри. Дел од проектот беше реализиран за време на неговиот прв мандат, а оваа нова мерка се гледа како чекор кон финализирање на визијата за „непробоен“ ѕид.
Со оваа промена, оградата нема само физички да блокира, туку и температурно да обесхрабри оние кои се обидуваат илегално да ја преминат границата. Американските власти се надеваат дека ова ќе резултира со намалување на бројот на обиди за нелегално влегување, особено во летните месеци кога температурите во граничните области се исклучително високи.