ПРВ.мк
Свет

Елон Маск ја менува политичката стратегија и го напушта планот за нова партија

Елон Маск ја менува политичката стратегија и го напушта планот за нова партија

Милијардерот Елон Маск го стопира планот за формирање на „Американската партија“ и наместо тоа ќе го поддржи потпретседателот Џеј Ди Венс. Според „Волстрит журнал“, Маск на своите соработници им порачал дека сака да се посвети на водењето на своите компании, наместо да се вклучува во политички проекти.

Маск во јули најави основање на нова политичка партија по судирот со претседателот Доналд Трамп околу законот за даночни олеснувања, но подоцна решил дека сојузот со Венс е поважен. Тој дури размислува да го поддржи Венс со дел од своето богатство ако тој се кандидира за претседател на САД во 2028 година.

Минатата година Маск потроши речиси 300 милиони долари за поддршка на Трамп и други републикански кандидати, со што стекна значајно политичко влијание. Венс, кој повика на примирје по конфликтот меѓу Маск и Трамп, го убедува Маск да остане во рамките на Републиканската партија.

Во меѓувреме, акциите на „Тесла“ паднаа за над 18% годинава поради слаби квартални резултати и укинување на федералната поддршка за електрични возила. Маск предупреди на „тешки квартали“ за компанијата, што предизвикува загриженост меѓу инвеститорите дали ќе може доволно да се посвети на „Тесла“ со оглед на политичкиот ангажман.

Escape