ПРВ.мк
Свет

Захарова откри зошто мапата на Белата куќа е вистинска „шлаканица“ за Зеленски!

Захарова откри зошто мапата на Белата куќа е вистинска „шлаканица“ за Зеленски!

Рускиот портпарол на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, жестоко го критикуваше прикажувањето на мапата на Украина во Овалната соба за време на посетата на Володимир Зеленски, нарекувајќи го тоа „шлаканица што требаше да го разбуди“. Во интервју за радио Спутник, таа изјави дека ова било длабоко предупредување, наменето да ги „отрезни“ сите кои, според неа, се одвоени од реалноста и не сфаќаат што навистина се случува на бојното поле.

Захарова додаде дека оваа „шлаканица“ е обид да се разбуди Зеленски и да му покаже колку многу е изгубено и колку ризици биле превземени. Таа наведе дека не очекува тоа да го смири украинскиот претседател, но барем да му донесе некое размислување и да ги разбуди сите кои го поддржуваат.

Од друга страна, британската медиумска куќа Би-Би-Си го забележа присуството на мапата, на која околу 20% од украинската територија е обележана со розова боја. Тие го нарекоа тоа „застрашувачки потсетник“ за украинската делегација и сугерираа дека мапата е јасен сигнал од Трамп за зголемување на притисокот врз Зеленски да размисли за размена на територии како дел од преговорите за мир.

Escape