ПРВ.мк
Македонија

Оружје и муниција пронајдени при претрес во Штип – ова се деталите!

Оружје и муниција пронајдени при претрес во Штип – ова се деталите!

Тројца штипјани се приведени откако полицијата пронашла автоматско оружје и голема количина муниција во стан во Штип. Претресот е извршен на 19 август 2025 година во 18:30 часот, по претходни оперативни информации и со согласност од едно од осомничените лица. Во станот биле затекнати Е.Д. (21), Н.Р. (38) и В.М. (26), сите од Штип, кај кои се пронајдени три автоматски пушки од калибар 7,62 мм, пет рамки со по 30 куршуми и две рамки со по 20 куршуми од истиот калибар. Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави во координација со јавен обвинител.

Escape