Полицијата информира дека вчера е лишена од слобода В.М. од Скопје, која била во бегство поради издржување затворска казна за семејно насилство. Таа се барала со централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд во Скопје.
В.М. е осудена на казна затвор од една година и шест месеци за кривично дело предвидено во член 130 став 2 од Кривичниот законик. По апсењето, таа веднаш била предадена во казнено-поправна установа каде ќе ја издржува казната.