Маркус Рашфорд, откако долго време беше „заборавен“ во Манчестер Јунајтед, доби нова шанса да ја оживее кариерата во Барселона. Англискиот напаѓач пристигна како позајмен играч во каталонскиот гигант и веќе се прилагодува на новата средина, иако со некои работи уште се навикнува.
Само неколку недели по доаѓањето, Рашфорд доби бизарен прекар од соиграчите. „Кога се забавуваат меѓу себе, ме нарекуваа ‘чуче’ (колаче). Не знам ни што значи тоа, но ми е смешно кога така ми се обраќаат“, изјави англискиот фудбалер, додавајќи дека учењето на каталонскиот јазик му претставува предизвик.
„Каталонскиот е тежок јазик, но се надевам дека додека сум тука ќе научам малку и тоа ќе ми помогне подобро да ја разбирам локалната култура“, рече Рашфорд.
Во меѓувреме, клубот размислува за долгорочна соработка. Доколку Барселона остане задоволна од неговите настапи, на крајот од сезоната постои опција да го откупи договорот за сума од 26 милиони евра, што би му дало стабилност и сигурна иднина во шпанскиот гигант.