ПРВ.мк
Балкан

Во Албанија статуа на Исус – инспирирана од славниот „Христос Спасителот“ во Бразил

Во Албанија статуа на Исус – инспирирана од славниот „Христос Спасителот“ во Бразил

Во северниот албански град Тропоја беше откриена импозантна статуа на Исус Христос, инспирирана од прочуената бразилска скулптура „Христос Спасител“ во Рио де Жанеиро.

Овој монумент е единствениот од ваков тип во Албанија и веднаш привлече внимание со својата големина и уникатен дизајн. Локалните власти нагласуваат дека поставувањето на статуата има за цел да го поттикне верскиот и културниот туризам, со што Тропоја би станала нова дестинација за посетителите.

Зад иницијативата стојат локални верници и здруженија кои веруваат дека ваквиот споменик ќе ја збогати духовната и туристичката понуда на северниот регион на земјата.

Escape