Бритни Меј Лион (31) – жена која онлајн се рекламирала како дадилка и посебно барала работа со деца со посебни потреби – заврши во затвор со казна од 100 години, откако се откри дека заедно со своето момче, Самуел Кабрера, сексуално ги злоупотребувала малите жртви. Случајот предизвика шок низ цела Америка, пишува Дејли Меил.
Според обвинителите, жртвите биле девојчиња на возраст меѓу 3 и 7 години, од кои две имале аутизам, а едно од нив било невербално.
Парот бил уапсен во 2016 година, кога едно од децата ѝ открило на мајка си што се случува. При претресот, полицијата пронашла стотици видео снимки на шест различни хард дискови, на кои се гледало како Лион и Кабрера вршат злосторства – дел од децата биле дрогирани или врзани за време на нападите.
Кабрера во 2021 година доби осум доживотни казни без право на условна слобода и дополнителни 300 години затвор, а Лион оваа година прифати вина за четири точки од обвинението и доби 100 години до доживотен затвор.
Обвинителот изјави дека Лион изгледала како „совршена дадилка“, личност која зрачела доверба и наивност, што ја правело „идеална алатка“ за вакви злосторства. Родителите на жртвите сведочеа дека имале целосна доверба во неа и биле во апсолутен шок кога ја дознале вистината.
Мајките на неколку жртви ѝ се обратија во судница со страшни зборови:
- „Ти си најзлобното чудовиште што постои. Она што им го направи на овие невини души е несфатливо.“
- „Не те натера момчето, сама го правеше тоа – и ти тоа добро го знаеш.“
- „Те пуштивме во нашите животи и заради тоа моето семејство поминува низ страдање веќе 10 години. Предавството е рана што никогаш не заздравува.“
Истражителите објавија дека дури и текстуалните пораки меѓу Лион и Кабрера откриле дека таа договарала деца „како стока“ во замена за состаноци со своето момче.
Иако нејзината адвокатка во судот прочита писмо со извинување – во кое Лион напиша дека „нема зборови што можат да ја ублажат штетата и траумата“ и дека е „преполна со каење“ – родителите не ѝ поверуваа и побараа потешка казна, исто како онаа на Кабрера.
Дополнителен страв кај семејствата внесе Законот за условна слобода за постари затвореници, според кој Лион би можела да бара ослободување по наполнети 50 години. Обвинителот предупреди: „Ништо не се менува кога некој ќе наполни 50 години. Такви луѓе остануваат опасност за децата.“
Сепак, судијата Даниел Линк порача дека е убеден оти Лион никогаш нема да излезе од затвор и ја нарече „чудовиште со одвратно и жално однесување“.