ПРВ.мк
Македонија

Пеколен африкански бран ја погодува Македонија – температури до 38 степени, па следува ненадејно освежување

Пеколен африкански бран ја погодува Македонија – температури до 38 степени, па следува ненадејно освежување

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а на одделни места можно е да се појави краткотраен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат помеѓу 10 и 19 степени, а дневните ќе достигнат од 27 до 33 степени, додека во Скопје се очекуваат околу 31 степен, информира метеорологот Славчо Попоски.

Но вистинската промена пристигнува од среда, кога Македонија ќе влезе под влијание на многу потопла и сува воздушна маса од Африка. Од 20 до 22 август ќе владее жешко и сончево време со температури над 30 степени во целата земја. Во Повардарието и југоисточните делови живата во термометарите ќе надмине 35, а на поединечни места ќе достигне и до пеколни 38 степени. Во Скопје и околината се очекуваат 36–37 степени.

Веќе во петок попладне ќе се почувствува засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе го најави следното големо изненадување. За време на викендот (23 и 24 август) ќе настапи значително освежување, со пад на температурите и поумерено време низ целата земја.

Овој контрастен период носи вистинска климатска драма – од пеколни жештини до нагло освежување за само неколку дена.

Escape