И.С. од Скопје е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за неовластено производство и дистрибуција на дрога.
Автомобил „Форд“, кој го управувал осомничениот на автопатот Ниш-Лесковац, бил запрен од полицијата. Во предното десно крило биле пронајдени девет пакети со вкупно 8.370 грама кокаин.
Дрогата е одземена, а осомничениот е во притвор.