ПРВ.мк
Свет

Путин сака средба со Зеленски но без Трамп

Путин сака средба со Зеленски но без Трамп

Според извори во администрацијата на Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин побарал неговата средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски да се одржи еден на еден, без присуство на Трамп.

Кога Трамп го поканил на трилатерален состанок со Зеленски, Путин одговорил: „Не мора да доаѓаш, сакам да го видам еден на еден“.

Тимот на Трамп веднаш почнал да работи на организација на средбата, а задачата ја добил советникот Стив Виткоф. Иако досега Трамп и Зеленски се изјасниле подготвени за трилатерален состанок, Путин сè уште не се огласил официјално.

Escape