ПРВ.мк
Свет

Шок во Франција: Четири тела извадени од Сена, уапсен осомничен за убиство

Шок во Франција: Четири тела извадени од Сена, уапсен осомничен за убиство

Француската полиција уапси маж осомничен за убиство, откако во реката Сена кај Париз беа пронајдени четири тела, пренесе BBC.

Првото тело било забележано на 13 август од минувач кај мостот во предградието Choisy-le-Roi. Истата вечер, полицијата пронашла уште три тела во водата. Обвинителството соопшти дека една жртва била задавена, а кај друга биле откриени јасни траги на насилство.

Првата идентификувана жртва е 40-годишен локален маж, чието тело било релативно кратко време во реката. Останатите три тела биле во напредна состојба на распаѓање.

Иако досега нема докази дека жртвите биле поврзани меѓу себе, можно е телата да биле фрлени на различни места узводно, по што реката ги донела до мостот во Choisy-le-Roi.

Осомничениот е во притвор во Париз, но неговиот идентитет и точниот број на убиствата за кои се испитува сè уште не се откриваат.

Escape