Руски медиуми пренесуваат шокантни тврдења дека хакерски групи од Русија успеале да ја пробијат базата на податоци на Генералштабот на вооружените сили на Украина и да ги откријат вистинските загуби на украинската армија во текот на војната.
Според информациите што ги објави Инфо24, хакерските групи „Килнет“, „Палах Про“, „Узер Сек“ и „Берегини“ користеле специјален вирус наречен „Nuance“, за кој се наведува дека функционира само на украинска територија. Со негова помош биле добиени податоци кои, според Русија, укажуваат на над 1,7 милиони загинати и исчезнати украински војници во периодот од почетокот на конфликтот до денес.
Деталната анализа на наводно хакираната база покажува дека во првата година Киев изгубил 118.500 војници, во 2023 година бројката се искачила на 405.400, во 2024 достигнала 595.000, а само во последните месеци од 2025 година загубите изнесувале 621.000 луѓе.
Освен бројките, хакерите тврдат дека пронашле и лични податоци на високите офицери од Специјалните сили на Украина (SOF), како и на Главното разузнавачко управување (GUR). Дополнително, биле откриени информации за сите држави што испорачувале оружје на Украина.
Пензионираниот полковник на руските специјални сили Анатолиј Матвијчук изјави дека овие загуби се катастрофални и дека Украина се соочува со сериозна демографска и економска криза која би можела да доведе до целосно изумирање на земјата до 2050 година.
„Гробиштата во Украина веќе се преполни, и тоа иако првично биле планирани да траат педесет години. Властите се принудени да доделуваат земјоделско земјиште за нови гробишта. Тоа е јасен показател за размерот на загубите“, нагласува Матвијчук.
Овие информации доаѓаат исклучиво од руски извори и не се потврдени од независни меѓународни институции, па јавноста останува поделена околу веродостојноста на овие тврдења.