ПРВ.мк
Свет

(Видео) Паника на аеродром во Милано: Маж беснеел со чекан и запалил оган пред патниците

(Видео) Паника на аеродром во Милано: Маж беснеел со чекан и запалил оган пред патниците

Драма утрово на аеродромот Малпенса во Милано кога маж вооружен со чекан почна да ги крши мониторите во зоната за пријавување на патници на Терминал 1. Тој дури се обиде да запали канти за отпад, предизвикувајќи паника кај патниците.

Според очевидци, мажот изгледал растроено и можеби бил под дејство на алкохол или дрога. Благодарение на брзата реакција на персоналот и помошта од некои патници, напаѓачот беше совладан без повредени.

Пожарникарите го изгаснаа огнот, а полицијата го приведе човекот. Мотивот за насилниот испад сè уште не е познат, но операциите на аеродромот продолжија непречено, а летовите не беа одложени.

Escape