ПРВ.мк
Свет

Громови го погодиле три пати – кинеско електрично возило чудесно преживеа

Громови го погодиле три пати – кинеско електрично возило чудесно преживеа

Во Кина се случил редок и вознемирувачки инцидент, кога електричен автомобил од марката BYD бил погоден од молња три пати по ред, додека бил паркиран на станица за одмор во градот Беихај, провинцијата Гуангси. Настанот бил снимен од безбедносни камери и веднаш се проширил на социјалните мрежи.

Иако ударите предизвикале кратки пламенови под автомобилот, електричниот мотор и батеријата останале целосно исправни. Најважно е што возачот кој бил во возилото не претрпел никакви повреди, благодарение на безбедносните системи на BYD.

Снимките јасно прикажуваат како молњите директно го погодуваат покривот на моделот Song Plus EV (познат и како Sealion 6), што предизвикало големо внимание во јавноста поради несекојдневниот карактер на несреќата.

Escape