ПРВ.мк
Спорт

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го отвори новиот затворен базен во Штип – Завршена уште една спортска инвестиција

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го отвори новиот затворен базен во Штип – Завршена уште една спортска инвестиција

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, денеска свечено го пуштија во употреба новиот базен од затворен тип во Штип. Со ова, градот добива современ спортски објект кој ќе служи за унапредување на спортот, рекреацијата и здравиот живот на граѓаните.

Овој базен е дел од поголемата инфраструктурна програма на Министерството за спорт, со која се реализираат проекти оставени недовршени во минатото. Инвестицијата за изградбата изнесува 46.735.815 денари со ДДВ, а токму со заложбата на Министерството, објектот конечно е ставен во функција.

Во рамки на оваа програма, на крајот на јули беше пуштен базенот во Кисела Вода, денеска е во функција и базенот во Штип, а во наредниот период се очекува завршување на базените во Кичево, Битола, Ѓорче Петров, Карпош и Кавадарци.

Министерот Ристовски истакна дека ова е силна порака дека државата стои зад спортот и младите. Со овие проекти се создаваат услови за генерации спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија и ќе го градат здравиот дух и тело на нашата младина.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape