ПРВ.мк
Спорт

ФИФА подготвува шокантен Мундијал: Светот ќе гледа 64 репрезентации и шест домаќини?!

ФИФА подготвува шокантен Мундијал: Светот ќе гледа 64 репрезентации и шест домаќини?!

Следното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико, првпат во историјата Мундијалот ќе биде организиран од три различни земји. Аргентина, бранител на титулата, ја освои светската круна во 2022 година во Катар благодарение на Лионел Меси.

Турнирот во 2022 година беше последното издание со 32 репрезентации, а веќе во 2026 година ќе видиме 48 репрезентации. Меѓутоа, ФИФА веќе размислува и за уште поголемо проширување. Според „The Athletic“, на историското Светско првенство во 2030 година би можеле да учествуваат дури 64 репрезентации.

Особено за ваков формат се залагаат земјите од Јужна Америка – Парагвај, Уругвај и Аргентина. Претседателот на Фудбалската федерација на Уругвај, Игнасио Алонсо, ја претстави идејата во март, а во мај приказната доби ново поглавје на конгресот на ФИФА во Парагвај.

Планот предвидува Парагвај, Уругвај и Аргентина да добијат по еден натпревар за отворање на Мундијалот, во чест на 100-годишнината од првото Светско првенство одржано во 1930 година во Монтевидео. Останатиот дел од турнирот би се преселил во Шпанија, Португалија и Мароко, со што домаќините би биле распоредени на три континенти и во шест различни земји.

Иако новиот формат предизвикува големи полемики, навивачите се загрижени дека со 64 учесници турнирот ќе стане „здодевен“ и премногу долг, но изгледа дека нивните забелешки во овој момент имаат малку влијание врз одлуките на ФИФА.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape