ПРВ.мк
Спорт

Кристијано Роналдо ја освои вечната „Златна топка“

Кристијано Роналдо ја освои вечната „Златна топка“

Португалската фудбалска легенда Кристијано Роналдо доби уште едно признание, откако во гласање на навивачите неговата „Златна топка“ од 2008 година беше избрана за најдобра во историјата на ова престижно индивидуално признание.

Станува збор за специјалната награда BOAT, која се доделува врз основа на гласање на интернет, при што во изборот биле вклучени досегашните освојувачи на „Златната топка“.

Роналдо во кариерата петпати ја има освоено престижната награда, но токму признанието од 2008 година доби посебно место во овој избор.

Таа година Португалецот настапуваше за Манчестер јунајтед и имаше исклучителна сезона, крунисана со освојување на Лигата на шампионите.

Неговите настапи во дресот на англискиот гигант го етаблираа како еден од најдобрите фудбалери во светот и го отворија патот кон неговата подоцнежна блескава кариера во Реал Мадрид.

Според објавените информации, на изборот му претходело и гласање за најдобриот фудбалер во светот за 2026 година, во кое победил англискиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн.

Важно е да се нагласи дека признанието BOAT е резултат на навивачко гласање, а не нова официјална „Златна топка“ доделена од организаторите на традиционалната награда.

За Роналдо, сепак, ова претставува уште едно признание за неговото влијание врз светскиот фудбал и за сезоната што го одбележа почетокот на неговата доминација на највисоко ниво.

Најнови вести